За само 3.000 денари од ден може да престојувате во една од најубавите куќи на светот

Повикајте три ваши пријателки, влезете во џип со циклама боја и “скокнете“ до Малибу. Верувале или не, релна куќа за барбики конечно постои и можно е да ја изнајмите на „Airbnb“.


Се наоѓа на плажа, а не може да ја промашите затоа што нејзините розови детали веднаш ќе ве потсетат на времето кога сте играле со барбики.


А знаете што е уште поинтересно? Што едно ноќевање таму чини околу 3.000 денари (60 долари).
Од куќата има панорамски поглед, а гламурозните декори изгледаат исто како куќичките за Барбики, па дури има и тобоган кој од врвот на куќата ве спушта во преубавиот базен.


Куќата може да ја изнајмите на минимум две ноќевања.

Loading...