ЗА СЕКОЈ РОДЕНДЕН МУ ПОКЛОНУВАЛ ПО ЕДНО ШИШЕ ВИСКИ НА СВОЈОТ СИН! Потрошил 5.500€, а по 28 години сето тоа вреди ЦЕЛО БОГАТСТВО

Loading...

Пит Робсон од Англија сметаше дека ќе биде интересно за секој роденден на неговиот син да му купува виски, така што тој ќе има 18 шишиња виски за својот 18 роденден.

Метју Робсон е роден во 1992 година, а неговиот татко Пит му подаруваше шише виски за секој роденден. Тој потроши 5.500 евра на 28 шишиња, а колекцијата денес вреди.

Колекцијата сега вреди повеќе од 45.000 евра и е ставена на продажба.

Метју призна дека тоа не бил баш најдобриот подарок за дете, но бидејќи добивал строги упатства од тато за „никогаш да не ги отвора шишињата“, колекцијата стана еден вид „станбен фонд“.

– Секоја година добивав виски како подарок за роденден. Мислев дека тоа е прилично чуден подарок затоа што бев малку премлад за да почнам да пијам. Но, тој ме предупреди да не ги отворам – рече Метју.

Неговиот татко Пит рече дека првото шише виски од 1974 година е купено за раѓањето на неговиот син.

– Мислев дека ќе биде интересно ако го купувам секоја година, а тој за својот 18 роденден ќе има 18 шишиња виски стари 18 години – рече тој.

– Тоа не беше единствениот подарок што го доби од нас, само нешто уникатно, но со малку среќа, ја продолживме традицијата – вели Пит.

Во меѓувреме, тој стана интересен за колекционерите и Метју се надева дека ќе ја продаде својата колекција за 45.000 евра, а парите ќе ги искористи за да купи куќа.

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...
Loading...