За спомен од корона – поштенски марки од тоалетна хартија

Loading...

Пандемијата со COVID-19 ја инспирираше австриската пошта да направи марки од тоалетна хартија.
Поштенската служба објави дека ја добила идејата за трослојната марка на почетокот на оваа година, кога хигиенските производи станаа симбол на карантин и панично купување.
Сепак, беа потребни неколку месеци за да се реализира идејата за поштенска марка со која ќе се одбележи времето на пандемијата со коронавирусот.


„Подолг период тоалетна хартија беше распродадена во продавниците и беше тешко да се набави во доволни количини“, наведува државната поштенска служба.
На марката е прикажанo младенче слон, животно кое се користи во Австрија како симбол на растојание од еден метар што луѓето треба да го одржуваат за да избегнат зараза со коронавирусот.
Марката може да се купи по невообичаена цена од 2,75 евра плус 2,75 евра бидејќи поштенската служба донира половина од приходот од продажбата на луѓе кои се погодени од пандемијата.

loading...