За турскиот премиер Ердоган курдскиот прекин на огнот е „позитивна работа“

Loading...

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган го поздрави како „позитивен настан“ прекинот на огнот кој во четвртокот го објави Абдуах Оџалан, затворениот историски лидер на забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK), но додаде и дека е важно да се видат применувањата на таа одлука.„Јас тој повик го сметам позитивен. Но, секако, важно е да се примени таа одлука. Важно ќе биде како тоа ќе се применува“, изјави турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган за медиумите во текот на неговата посета на Холандија.„Сакам да видам како ќе ја дочекаат објавата на Оџалан, и тоа што поскоро. Секако, од моментот кога ќе биде применета, атмосферата во Турција ќе се промени. ЈАс во тоа верувам“, изјави Ердоган.Според него, доколку бунтовниците од Работничката партија на Курдистан (PKK) се повлечат од територијата на Турција во нивните бази во северен Ирак, како што бараше Оџалан, тогаш нема да има потреба од операции на турската армија против нив и таквите акции ќе престанат.Абдула Оџалан, затворениот историски лидер на забранетата во Турција Работничка партија на Курдистан (PKK), како што се очекуваше им нареди на своите соборци во четвртокот (21-ви март) прекин на огнот да се повлечат од турската територија во нивните бази во планините на северен Ирак, како потег кој произлегува од договорите со турските власти за прекин на речиси тридецениските судири во кои животите ги загубија околу 40 илјади луѓе.Неколку стотици илјади луѓе се собраа во Дијарбекир по повод Новруз, курдската Нова година, и за да го сослушаат повикот на Абдула Оџалан за прекин на огнот што го прочитал еден курдски активист.Челникот на курдската Партија на мирот и демократијата Салахатин Демиртас, пратеник во парламентот на Турција, во понеделникот го посети Абдулах Оџалан во затворот на островот Имрали, а по средбата ја пренесе неговата порака која гласи „Сакаме што поскоро да го решиме проблемот на оружјето, повеќе да не се губи време ниту животи”. Оџалан со тоа ја побара поддршката на парламентот и политичките партии за да се постигне траен мир.„Соопштението коешто го подготвувам ќе претставува историски повик. Ќе содржи задоволувачки информации за воената и политичката димензија на решението”, најави Оџалан.Абдулах Оџалан затворениот челник на забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK) во затворот на острови Имрали во Мраморното Море јужно од Истанбул, се наоѓа во изолација откако беше уапсен и грабнат од припадниците на турските тајни служби во Кенија во февруари 1999 година. Во јуни истата година, тој беше осуден на смрт за тероризам и предавство и затворен на островот Имрали во Мраморно Море. Казната подоцна под притисок на меѓународната заедница беше заменета со доживотен затвор без право на помилување.Меѓутоа, Оџалан од октомври 2012 година води преговори чијашто цел е ставање крај на 28-годишните судири меѓу турските безбедносни сили и курдските бунтовници во кои загинаа повеќе од 40 илјади луѓе.„Нека стивне оружјето и нека завладее политиката, Дојдовме до фазата кога нашите вооружени сили треба да се повлечат… Тоа не е крај. Тоа е почеток на новиот период”, прочитал курдскиот политичар.Засега нема реакции од страна на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган. Кој според турските медиуми се изложувал на големи ризици откако беше избран првпат во 2002 година, обидувајќи се да ги надвладее табуата вкоренети во конзервативниот естаблишмент проширувајќи ги за Курдите културните и јазичните права. Пред две години тој ги поддржал тајните преговори со PKK во Осло.Работничката партија на Курдистан, која Турција , САД и Европската унија ја сметаат терористичка организација, ја започна својата борба во 1984 година барајќи независна курдска држава во југоисточна Турција.Меѓутоа, последните години и нејзините ставови станаа поумерени и бара политичка автономија и пошироки културни во областите во кои курдскиот јазик и формално долги години е забранет.Официјална Анкара во октомври 2012 година ги започна преговорите со Оџалан поради надминување на судирите, бидејќи летото беше одбележано со масовни апсења на курдски активисти и засилени герилски акции на припадниците на PKK.„Настаните стратешки се променети. Курдското ослободително движење преминува од вооружена борба во културна и PKK тоа го прифаќа”, Ертуѓрул Кукру, пратеник во турскиот парламент од прокурдската партија BDP.Турските аналитичари велат дека Оџалан очигледно го задржал својот авторитет над своите борци во Турција и во планините на северен Ирак каде се очекува сега да се соберат. Меѓутоа, и натаму постои опасност од поделба во поглед на одредбите од некој иден евентуален договор.Турската власт очекува дека постигнувањето договор со курдските бунтовници ќе тргне голем товар од плеќите на Анкара, иако застапниците на тврдата линија не него гледаат со длабока скепса, бидејќи стравуваат дека Курдите ќе продолжат да се борат за независност што ќе ја поткопува турската држава.Примирјата и претходно беа договарани и кршени, меѓутоа првпат сега и Оџалан и некој турски премиер отворено зборуваат за разговори за сеопфатно решение. Во четири наврати од почетокот на курдската револуција во 1994 година, Абдулах Оџалан прогласуваше еднострани прекини на огнот, меѓутоа тие не помогнаа да се постигне трајно решение.Повлекувањето на курдските милитанти од турската територија би требало да заврши на 15-ти август. Наведениот датум зависи од тоа дали Турција ќе ги усвои реформите со коишто ќе гарантира поголеми права за курдското малцинство, коешто според процените го има околу 15 милиони, што претставува 20 отсто од вкупното населени на Турција коешто брои 76 милиони луѓе.
МакфаксТурскиот премиер Реџеп Таип Ердоган го поздрави како „позитивен настан“ прекинот на огнот кој во чет

loading...