За четири месеци изгубила 15 килограми – секојдневно јадела еден ист оброк

Loading...

Ана Марија Клис, како и многу жени, имала проблем со вишокот килограми, а потоа вовела една едноставна рутината во својот план на исхрана со која изгубила 15 килограми. Ова е нејзината приказна:
– Во третата бременост се здебелив дури 36 килограми. За мојот 35-ти роденден сфатив дека морам да се променам – не само што не ми се допаѓаше изгледот, туку и не можев да дишам како што треба и ми беше тешко да работам. Имам три сина, а темпото беше убиствено – раскажува Клис.
Таа решила да престане со изговорите и да промени нешто во своето секојдневие.


– Никогаш не следев диети. Одлучив 90 отсто од времето да водам здрав живот, а 10 отсто да консумирам храна која ја обожувам. Не ги исклучив јаглехидратите, само консумирав леб од цели житарици, а наместо шеќер користев јаворов сируп и се убедив себеси секој ден да јадам голема порција салата – изјавила оваа мајка која не ја крие својата радост што успеала да го добие изгледот кој го посакувала.
Тоа што јадела голема порција салата за неа бил спасот.
– По салатата јадев помали оброци – немаше место за толку чизбургери, не бев гладна. Внесував доволно витамини и постепено како што почнав да слабеам, започнав и да вежбам. Пешачам три пати неделно и сега имам повеќе енергија – вели Ана.

loading...