За што најмногу лажат мажите и жените?

Постојат тајни кои жените сакаат да си ги задржат за себе и кои никогаш не планираат да ги споделат со својот партнер. Американски научници анонимно испитале 700 жени и дошле до интересни податоци за најинтимните женски тајни.

За што најмногу лажат мажите и жените?

За што жените најмногу ги лажат мажите?

За бројот на мажи со кои што спиеле
Жените коишто во минатото имале поголем број партнери со кои имале сексуални односи, на својот сегашен партнер никогаш нема да му ја признаат точната бројка.

За неверство
Минатото би требало да остане минато, барем така размислуваат дури 32% од испитаничките, кои признале дека во минатите или во сегашната врска биле неверни. Најчестите причини за неверството биле незадоволство, досада, брзо минлива заљубеност, чувство дека се посакувани или едноставно поради магнетна привлечност.

За доживувањето оргазам
Дури 48% од испитаните жени признале дека во сексот барем еднаш одглумиле оргазам и тоа затоа што не сакале да го разочараат или повредат својот партнер.

За контактирањето со бившиот
Скоро 75% од испитаните жени барем еднаш го премолчиле пред својот партнер разговарањето (телефонско или преку имејл-пораки) или одењето на пијалак со бившиот партнер.

За фантазирањето и мечтаењето по други мажи
Иако станува збор за нормална појава, ретко која жена ќе му признае на својот партнер дека во текот на сексот си замислува друг маж.

За мастурбирањето
Секоја четврта жена која што е во врска, мастурбира неколку пати неделно. Воедно секоја трета жена признала дека понекогаш гледа порно филмови кога е сама дома.

НА СТРАНА 2 ПОДОЛУ ПРОЧИТАЈТЕ ЗА ШТО НАЈМНОГУ ЛАЖАТ МАЖИТЕ ⬇⬇⬇

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.