За што се работи во случајот ТАЛИР 2, во кој е предложена конфискација на целокупниот имот на ДПМНЕ?

Просториите биле, но земјиштето не било во сопственост на партијата. Од тогаш впрочем датираат почетоците на предметот „Талир 2“. Почетокот е во 2009 година, кога на местото на сегашната Бела палата постоеше т.н. жолта зграда на улицата Македонија.

Груевски во својата канцеларија во новата палата на партијата, опкружен со раскошен мебел и уметнички дела

„Обвинетите Груевски и Божиновски ги користеле партиските органи, тела и процедури за реализација на активностите, кои, всушност, тие ги организирале во насока на незаконито имотна корист за политичката партија ВМРО-ДПМНЕ“

Уште пред да биде објавен јавниот повик за избор на инвеститор, „Бетон“ изготвил проект според ДУП, кој уште не бил ниту донесен, а требало да се прикаже дека процесот е транспарентен.

Во 2013 кога двете страни го потпишале договорот за изградба на објектот, ВМРО-ДПМНЕ добила помалку квадрати. Наместо ветените 43 проценти, партијата добила околу 37,26 отсто од целиот објект.

Еден месец подоцна, ВМРО-ДПМНЕ и „Бетон“ се порамниле, и тоа на начин што партијата ѝ побарала пари на градежната компанија, бидејќи добила околу пет проценти помалку од ветеното. Поради тоа, на сметката на ВМРО-ДПМНЕ легнале нешто над два милиони евра.

„Со непосредна спогодба од 15.6.2009 година, градежното земјиште, кое дотогаш било во сопственост на РМ, во вкупна површина од 1.241 квадратен метар и се простирало на две катастарски парцели е продадено на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ за цена од 6.600 денари од квадратен метар“.

Новото луксузно седиште се градело спротивно на Законот за облигационите односи и на Законот за финансирање на политичките партии. Дури три пати бил менуван деталниот урбанистички план.

Според обвинението на СЈО, за ова „проширено и надградено“ партиско седиште, да го претвори во скап дворец, скопски „Бетон“ инвестирал свои средства, а граделе на земја што партијата ја купи по повластена цена.

Договорот со „Бетон“, како што кажа обвинителот, бил економски неоправдан, бидејќи партијата била надмоќна над соинвеститорот „Бетон“. Само три члена со права и обврски биле за партијата, а 13 члена биле за соинвеститорот.

Освен изградба на објектот, „Бетон“ требало на свој трошок да го урне стариот објект, да обезбеди ревизија на проектната документација, да ги сноси трошоците за вршење на надзор над градбата, да обезбеди одобрение за градење, да го изгради објектот и без никаков надомест да ѝ го предаде во сопственост и владение на ВМРО-ДПМНЕ првиот функционален дел од објектот.

Бетон требал „на свој трошок по завршување на работите на градилиштето да ги отстрани преостанатите материјали, опрема и средства за работи, како и привремените објекти што ги изградил и да го исчисти градилиштето, да обезбеди објект кој ќе го користи ВМРО-ДПМНЕ додека трае изградбата, со тоа што закупнината ќе ја плаќа ВМРО-ДПМНЕ во периодот на изградба предвиден во договорот“, говореше обвинителот.

Во тоа време, фирмата на Јорданов била зависна од партијата, бидејќи над 70 проценти од приходите во годините кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт, биле од државни органи, општини и јавни установи.

Овој предмет, познат под името „Талир 2“, во судот влезе во исто време со постапката за процесот „Талир“, за незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, кој веќе со години почнува одново.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.