Дали знаевте дека средството за миење садови можете да го употребувате за многу други работи освен за миење на садовите?
Тоа може да ви помогне во многу домашни обврски, како и да се справите со многу проблеми во домаќинството.
Погледнете дел од неочекуваните примени на средството за миење садови.
Стапица за мравки
Средството за садови ќе ви помогне да се ослободите и од други штетници во домот – мравките. Измешајте еднакво количество вода и средство за садови и нанесете ја смесата на места каде што се собираат мравки. Исто како и со болвите, проблемот ќе исчезне за многу брзо.
Мрсна коса
Малку е чудно, но и косата можете да ја третирате со средство за миење садови. Доколку имате проблем со мрсна коса, ова средство е вашето идеално решение за отстранување на маснотиите. Употребувајте го исто како и шампонот за коса.
Чистење блендер
Со помош на средство за садови наједноставно ќе го исчистите вашиот блендер. Во блендерот, ставете малку од средството и една чаша топла вода, па вклучете го на најголема брзина неколку минути. Потоа само исплакнете со вода.
Мраз за пренослив фрижидер
Кога во последен момент ќе сфатите дека немате мраз за преносливиот фрижидер, едноставно заменете го со средство за садови. Во зип-ќеса за замрзнување ставете од средството, затворете ја и ставете ја во замрзнувач.
Крцкање на кваките и сјај на прозорците
За да се ослободите од крцкањето на кваките, едноставно премачкајте ги со средство за миење садови. Вашите прозорци ќе блеснат во сјај ако во голема канта наполнете топла вода, додадете неколку капки средство за миење садови и хидроген пероксид. Со ова средство ќе ги отстраните и најтврдокорните дамки од прозорците.
Дамки од масти и црвено вино
Средството за миење садови има одлична примена и ефект и во перењето на облеката. Доколку на некое парче има дамка од масло, на неа нанесете малку од средството, оставете да дејствува неколку минути, па исперете го парчето облека вообичаено. За да ги отстраните дамките од црвено вино, измешајте средство за миење садови со малку хидроген пероксид и нанесете на дамката. Оставете да дејствува неколку минути, а потоа исперете ја облеката на вообичаен начин.
Трик против болви
Доколку вашето милениче има болви, можете да го решите проблемот со средство за садови. Едноставно, избањајте го миленичето со шампон направен од средство за миење садови. Средството ќе ги уништи болвите и ќе нема потреба да користите средства со силни хемикалии што можат да му наштетат на миленичето. Исто така, со помош на неколку капки од средството за садови можете да направите одлична стапица доколку забележите дека имате болви во домот. Во едно плитко чиниче ставете малку вода и во неа додајте две-три капки од сјајот. Ставете ја во делот од собата каде што најмногу престојувало вашето милениче и над чиничето ставете мала светилка што ќе го осветлува. Постапката е најефикасна ако се прави ноќе.