За 24 часа во Скопје 13 повредени во сообраќајки

Loading...

Во изминатово деноноќие на подрачјето на Град Скопје тринаесет лица се полесно повредени во осум од вкупно 15 сообраќајни незгоди . Во седум сообраќајки е причинета материјална штета.
Со поголема брзина од дозволената изминатите 24 часа  возеле 45 возачи, двајца биле под дејство на алкохол, 12 возеле пред да се стекнат со правото да управуваат моторно возило и тројца биле почетници. Шест возачи поминале крстосница на црвено светло, а двајца не им дале предност на минување на пешаци.
Од сообраќај се исклучени 13 нерегистрирани возила и едно технички неисправно возило.
Сообраќајната полиција издала 64 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 65 возила.

loading...