Згазено е тригодишно девојче во Скопје

Loading...

Тригодишно девојче се здобило со тешки телесни повреди откако било згазено од моторче, информираа од МВР.

  • Вчера во 13:15 часот било пријавено дека на крстосницата од ул.„Марко Крале“ и ул.„Хо Ши Мин“ во Скопје, мопед „априлија рели“, со скопски регистарски ознаки, управуван од 37-годишниот Т.Б. од Скопје, удрил во тригодишно девојче кое возело тротинет. По незгодата, детето било пренесено во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.
* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...