Згмечен автомобил во сообраќајка на автопатот кон Тетово

Loading...

Tешка сообраќајна несреќа се случила на автопатот Тетово – Скопје, по излезот од градот. Екипата на магазин.мк која се најде на местото, известува дека сообраќајната несреќа се случила помеѓу автомобил и камион.
Среќна околност, и покрај ужасната состојба на возилото, е тоа што во сообраќајната несреќа нема жртви, но има потешко и полесно повредени за кои веќе интервенираше екипата на итната медицинска помош, пишува порталот.
Екипите на Министерството за внатрешни работи за кусо време излегоа и започнаа да вршат увид на местото на настанот.

loading...