Здрави намирници кои ги уништуваат вашите заби

Loading...

Истражувањата покажуваат дека одредени видови храна, всушност, можат да сторат повеќе штета на забите од тутунот!
Овие здрави намирници помагаат при многу здравствени нарушувања, но истите не се многу здрави за вашите заби.
Откријте за кои намирници станува збор:
Црн чај


Дамки на заби можат да остават: црно вино, чај и кафе. Но најголемите и најлошите дамки ги остава црниот чај.
Цитрусови плодови (агруми)


Сок од лимон предизвикува најголема штета, проследен со грејпфрут и сок од портокал, па задолжително плакнете ја устата со вода по консумирање.
Билен чај
Чајот има исклучителни здравствени придобивки, но премногу чај може да ги оштети вашите заби. Црниот чај и билниот чај предизвикуваат ерозија. Сепак, нема потреба да се откажете од чајот.
Само разговарајте со вашиот стоматолог ако сте загрижени.
Суво овошје


Сувото овошје е двојна стоматолошка катастрофа поради содржината на шеќерот и лепливоста. Обидете се да не го јадете како закуска, туку мешајте го во салата.
И златното правило за вашите заби е секогаш да консумирате свежо овошје.

loading...
Loading...