Здравко Чолиќ се подновил со луксузен стан вреден цело богатство – кога ќе видите на која локација е истиот сè ќе ви се разјасни

Познатиот пејач Здравко Чолиќ наводно се почестил со луксузен имот на Златибор.
Имено, како што се наведува, станот се уште е во изградба. Станува збор за голем, извонредно опремен пентхаус со поглед на целиот Златибор.
Oва ќе биде најмодерниот и најбогат објект не само на Златибор, туку и во овој дел на Србија. Тоа ќе биде првиот комплекс со четири нивоа подземни гаражи, ќе има голем ресторан, хотелски менаџмент и рецепција на влезот во комплексот, но и хелиодром на покривот, детска игротека и други содржини, пренесува „Информер“. .
Уште една работа во која ќе може да ужива Здравко Чолиќ се два СПА центри, како и стаклен базен.
Исто така, ќе бидат понудени голем број медицински и спортски објекти, како што се најсовремена теретана од 200м2, криокомора и барокомора. Здравко Чолиќ е чест корисник на хипербарични комори, поради нивните многубројни позитивни влијанија врз здравјето и младоста, па веројатно ова е една од причините поради која одлучил да земе стан во овој комплекс.

Пронајдете не на следниве мрежи: