Здравствениот систем во Германија: На работа ќе одат само вакцинираните и негативните

Loading...

Пред колапс се наоѓа здравствениот систем во Германија, а новите ковид-мерки беа донесени од Собранието со кои сите вработени мораат да имаат доказ дека се вакцинирани или негативни на коронавирусот за да влезат на работното место, пишува Б92.
Во услови кога нема влада трите партии кои преговараат за влада успеаја да се договорат за новите правила.
„Навистина ужасен Божиќ“ ја очекува Германија, се зборовите на директорот на германската агенција за контрола на болести, откако беше објавено дека имало 65.371 новозаразени во последното деноноќие.
– Во моментов се движиме кон сериозна вонредна состојба. Ќе имаме навистина ужасен Божиќ ако сега не преземеме контрамерки – рече директорот на институтот, Лотар Вилер, за време на онлајн-дебатата.
Тој рече дека Германија треба да ја зголеми стапката на вакцинација на значително над 75 отсто, од сегашните 67,7 отсто. Некои региони во Германија имаат стапка на вакцинација која достигнува само 57,6 проценти.
Вилер исто така повика на затворање на клубовите и баровите, суспендирање на големите настани и ограничување на пристапот до многу делови од јавниот живот само за оние со вакцини или ковид-сертификати. Тој, исто така, предупреди дека болниците низ Германија се борат да најдат кревети за пациенти со ковид-19, но и за оние со други болести.
Социјалдемократите, Зелените и Слободните демократи веќе гласаа „за“ мерките во долниот, а се очекува да го направат истото и во горниот дом на собранието.

loading...
Loading...