Здравствени придобивки на ананасот, заради кои треба почесто да јадете

Loading...

Има многу витамини и минерали, помага за здравјето, за слабеење и освежување во топлите денови – време е да почнете почесто да јадете ананас.
Ананасот е овошје богато со витамини, посебно Ц и А, минерали, ензими, калциум, фосфор и калиум.
Вкусен е и освежителен во топлите денови, а благодарение на состојките има многу здравствени придобивки кои ќе ве натераат да си купувате одвреме-навреме.
6 причини зошто почесто да вметнувате ананас во вашата исхрана:
1. Ги зајакнува коските и спречува остеопороза.

2. Го подобрува варењето на храната и помага за слабеење.
3. Го подобрува видот благодарение на витаминот А и бета каротенот – препорачливи се сокови од ананас.
4. Го намалува крвниот притисок и ги намалува симптомите на истиот, а помага и за нормална функција на срцето.
5. Богат е со витамин Ц и помага во спречување настинки и го зајакнува имунитетот.
6. Ги намалува менструалните болки и ги релаксира мускулите.

loading...