Здравствени ризици: Дали вашето тело има форма на круша, јаболко или песочен часовник?

Loading...

Лекарите велат дека сите имаме еден од трите облици на тело – јаболко, круша или песочен часовник и секој од нив може да ни каже многу за нашето здравје и начинот на кој може да се справиме со вишокот килограми.
Здравствени ризици: Дали вашето тело има форма на круша, јаболко или песочен часовник?
Тип „Јаболко“
Луѓето кои имаат облик на тело во форма на јаболко често имаат вишок маснотии околу струкот, а тоа се таканаречените висцерални или внатрешни маснотии. Овие маснотии, исто така, се и најопасниот вид маснотии во човечкото тело и се наоѓаат длабоко под кожата. Токму тие се и најголемата пречка за успешно слабеење. Се таложат околу органите и може да ги оштетат со текот на времето.


Од тие причини луѓето од овој тип се изложени на зголемен ризик од срцеви заболувања, висок крвен притисок, дијабетес тип 2, одредени видови малигни заболувања како карцином на дебелото црево или на матка. Висцералните маснотии во телото најлесно се „топат“ преку диета и вежбање, а губењето на вишокот телесна маса честопати им „оди од рака“ на луѓето со овој тип тело.
Тип „Круша“
Овој тип личности тешко губат тежина затоа што најголемиот дел од масните ткива им се складирани во долната половина од телото. Таквата „тврдоглава” маснотија обично се нарекува „пасивна маст”. Иако не е толку опасна, како висцералната маст, таа пречи во процесот на слабеење, затоа што голем дел од неа се акумулира во пределот на нозете. Тоа, исто така, може да го зголеми ризикот од проширени вени, дегенеративни заболувања на зглобовите на колената и нозете. Сепак „крушите“ се изложени на помал ризик од болести за разлика од „јаболката“.
Тип „Песочен часовник“
Овие луѓе имаат тенденција да имаат вишок тежина распределена низ целото тело и околу струкот, во облик на висцерални маснотии. Затоа и тие се изложени на зголемен ризик од срцеви заболувања и дијабетес тип 2. За среќа, диетата и вежбањето може да ги намалат здравствените ризици.

loading...