Здрав и вкусен чипс од јаболка

Loading...

4 јаболка
16 лажици вода
8 лажици кафен шеќер
2 лажици јаболков оцет
4 лажички цимет
Полека загрејте ги шеќерот и водата. Откако шеќерот ќе се растопи, додадете ги јаболковиот оцет и  циметот, и тргнете го шербетот од оган.
Јаболката исечете ги на половина, извадете ги семките и исечете ги на тенки ленти или полукругови. Едната страна на парчињата јаболка потопете ја во шербртот и со натопената страна нагоре редете ги во тава, обложена со хартија. Печете 1 час на 100 степени или додека станат крцкави.

loading...