Зебра торта

5 јајца
250 г шеќер
300 мл масло
125 мл млеко
1 ванилин шеќер
350 г брашно
35 г какао
1 прашок за пециво
Шеќерот, маслото, млекото, јајцата и ванилиниот шеќер ставете ги во сад и мешајте со жица додека се растопи шеќерот. Поделете ја смесата во два сада.
Во првиот сад додадете 200 г брашно и 1/2 прашок за печиво. Мешајте со жицата додека се соедини смесата.
Во вториот сад додадете 150 г брашно, какаото и 1/2 прашок за печиво, па и оваа смеса измешајте ја со жицата
На средината на намрсена и набрашнета тркалезна тава ставете 1 лажица од светлото тесто. Врз неа ставете 1 лажица кафена смеса. Истата постапка повторувајте ја додека не ги потрошите двете смеси. За да добиете шара на зебра вртете ја лажицата додека наизменично ги нанесувате смесите. Печете 20 минути на 200 степени.

Loading...