Зелени тестенини со печурки и свински врат

Loading...

Кремасти и вкусни, на овие тестенини не може да им оддолеете, а брзо и лесно се подготвуваат.
Потребни состојки:
– 500 гр зелени тестенини
– 500 гр свежи печурки
– 100 гр пушен свински врат
– 1 главица кромид
– 250 мл павлака за готвење
– 2 лажички сув зачин од билки
Подготовка:
На загреано масло пропржете ситно исечениот кромид, додајте ги исечканите печурки и оставете да се крчка додека не омекнат печурките.
Потоа додадете го пушениот свински врат исечен на тенки ленти, а потоа и павлаката во која сте ги измешале зачините.
Крчкајте кратко, а потоа додадете ги претходно сварените тестенини и добро измешајте.

loading...