Зеленски го повлече украинскиот амбасадор од Германија и од неколку други земји

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го повлече амбасадорот во Германија, како и неколку други високи странски претставници, се наведува на веб-страницата на неговиот кабинет, објави Гардијан.

Како да се толкува ова ненајавено повлекување на серија амбасадори??

Дали е на повидок судир помеѓу државите кои во февруари беа единствени и заеднички се спротивставија на Русија?
Зеленски го повлече украинскиот амбасадор од Германија и од неколку други земји

Тој во указот објави дека ги заменува украинските амбасадори во Германија, Индија, Чешка, Норвешка и Унгарија, без да наведе причина за таквата иницијатива, пренесе Ројтерс.

Како што се додава, не се знае дали на Амбасадорите ќе им биде доделено ново работно место.

Односите на Киев со Германија, кои многу зависат од испораките на руски гас за најголемата европска економија, се особено чувствително прашање, потсетува Гардијан.

Двете земји се во спор околу турбината од германско производство, која се поправа во Канада. Германија сака Отава да ја врати турбината на рускиот гасен гигант Газпром за да пумпа гас во Европа.

Киев побара од Канада да ја задржи турбината со образложение дека нејзиното враќање во Русија би ги прекршило санкциите воведени кон Москва.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.