ЗЕЛЕНСКИ НАЈАВИ РЕСТРИКЦИИ НА СТРУЈАТА: Ги повика Украинците да го ограничат користењето од 17 до 23 часот.

Володимир Зеленски најави ограничување на снабдувањето со електрична енергија во голем број украински градови. Тој ги повика Украинците да ја ограничат употребата на електрична енергија од 17 до 23 часот, како што веќе направија во некои региони во земјата.

ЗЕЛЕНСКИ НАЈАВИ РЕСТРИКЦИИ НА СТРУЈАТА: Ги повика Украинците да го ограничат користењето од 17 до 23 часот.

„На пример, оваа сабота жителите на регионот Чернихив ја ограничија потрошувачката на електрична енергија за 20 проценти. И во целата земја – во просек за десет проценти. Киев и регионот, само за седум проценти. Мора да ја намалиме потрошувачката на струја од 17 до 23 часот. Ова е чекор што заедно со другите ќе обезбеди пораз на руските терористички планови“, нагласи Зеленски за време на видео обраќањето.

Претседателот им се заблагодари и на сите бранители и на оние кои работат за победа. „Единството и заедничкото дејствување се нашата сила“, изјави тој.

Како што е соопштено, техничката можност за снабдување со електрична енергија е обновена во повеќето региони на Украина, во некои градови и области сè уште се во сила распоредите за стабилизација на исклучувањето.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.