Украинскиот претседател Володимир Зеленски откри дека неговиот син Кирил и ќерката Александра се во Украина.
Зеленски на последната прес-конференција беше прашан за неговото семејство, а според него, неговиот десетгодишен син оди на училиште, а неговата ќерка, која има 19 години, студира на универзитетот.
– Мило ми е што се тука – додаде Зеленски.
На вториот ден од војната, да потсетиме, Зеленски уверуваше дека неговото семејство не ја напуштило Украина, туку е на безбедно место.
– Моите деца се во Украина. Мојот син има 10 години и е во Украина. Можеа да го однесат во странство, но ниту јас ниту жена ми не размислувавме за тоа. Дали нашите деца треба да одат во странство и да се сончаат на плажа додека другите деца умираат? Тоа би било неправедно – изјави претседателот на почетокот на годинава.
Сопругата на украинскиот претседател Елена Зеленска на почетокот на декември призна дека не сака нејзиниот сопруг да биде избран за нов мандат.
Пронајдете не на следниве мрежи: