Зеленски: Температури под нулата, а милиони луѓе без струја, парно и вода

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пред Советот за безбедност на Обединетите нации го осуди „злосторството против човештвото“ кое, според него, го изврши Русија со таргетирање на украинската енергетска инфраструктура.

„Со температури под нулата, неколку милиони луѓе без снабдување со енергија, без греење и без вода, тоа е очигледно злосторство против човештвото“, рече Зеленски за време на краткото обраќање пред Советот за безбедност преку видео врска.

Зеленски: Температури под нулата, а милиони луѓе без струја, парно и вода

Зеленски ја осуди „формулата на терор“ наметната од вооружените сили на Москва.

Според него, меѓународната заедница „не може да биде заложник (држава) на меѓународен терорист“.

„Убиството на цивили, уништувањето на цивилната инфраструктура се терористички акции. Украина продолжува да бара решителен одговор од меѓународната заедница за овие злосторства“, напиша претходно украинскиот претседател на Твитер, повикувајќи на итен состанок на 15-те членки на Советот за безбедност на ОН.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.