Со помош на овој едноставен рецепт ќе можете да подготвите зелник од пченкарно брашно чиј вкус ќе ве воодушеви.
Потребни состојки:
500 гр пченкарно брашно
шолја кисела вода
шолја јогурт
шолја масло
прашок за печиво
100 гр полутврдо масно сирење (кашкавал, едамер или гауда)
3 јајца
1 лажичка сол
За филот:
700 гр зелје
шолја јогурт
1 јајце
100 гр презла
1 лажица вегета
За посипување:
50 гр пржен сусам
50 гр рендано сирење
Подготовка
Измијте го зелјето. Пропржете го на малку масло и зачинете го со вегета. Измешајте го со презла, јајце и јогурт. Измешајте ги сите состојки за тестото и поделете ја масата на два дела.
Првиот дел од тестото истурете го во тавче со дијаметар од 30 сантиметри и печете приближно 10 минути на 200 степени. Врз полупечената кора истурете го филот со зелје и покријте ја со вториот дел од тестото. Вратете ја во рерна и печете 30 минути на иста температура.
Потоа посипете со сусам и сирење и печете уште 10 минути додека да се растопи кашкавалот. Почекајте да се излади. Бон апетит!