Земјата би била уништена на три начини

Британскиот космолог и астрофизичар, Мартин Рис, во својата најнова книга „On The Future: Prospects for Humanity“, меѓу другото, тврди дека Големиот хадронски судирач (LHC) во ЦЕРН, Швајцарија би можел да ја уништи Земјата на три начини.
Тој истакнува дека човештвото треба да продолжи со иновации, но многу внимателно. LHC е најголемиот научен инструмент во светот, најмоќен забрзувач на честички. Рис во својата книга предупредува дека токму тој факт го прави потенцијално опасен. Тој посочува три начини на кои LHC може да го уништи светот.
1. Црна дупка која впива сè околу себе
Според Рис, активноста на инструментот може да доведе до создавање на црна дупка која потоа вшмукува во себе сè што има некоја маса.


2. Земјата ќе се смали
Според Рис, професор по космологија и астрофизика на Универзитетот Кембриџ, можно е Земјата да се стегне во суперзгусната сфера со пречник од 100 метри. Тоа би се случило кога инструментот би ги судирал честичките едни против други, би ги кршел и би дошло до создавање до субатомски кваркови. Сами по себе не би биле штетни, но создавањето на честички наречени „strangelet“, кои не се ниту докажани ниту теориски потврдени, туку хипотетски честички, сè што е на нивниот пат би го претвориле во суперкомпримиран облик на материја, земјата би била сведена на големина колку фудбалско игралиште.
3. Одделување на просторот-времето
Пред 3 години Кина најави дека до 2040 година ќе изгради двојно поголем и седумпати посилен судирач на честички од LHC. Според Рис, постои шанса таквите судирачи да предизвикаат колапс на самиот простор. Рис објаснува дека вакуумот не е празен, туку е создаден од сите сили и честички кои владеат со физичкиот свет. Судирањето на честичките со голема брзина би довело до кинење на просторот.
Дали навистина може сето ова да се случи?
Иако постојат драматични предупредувања за LHC од првите моменти на постоење, од ЦЕРН истакнуваат дека целата работа што се обавува е безбедна, пишува BigThink.