Земјотресите ја претвораат водата во злато

Loading...

Земјотрес може да ја претвори подземната вода во злато за неколку секунди, открија научниците.Новата студија, објавена на 17 март во изданието на магазинот Nature Geoscience, покажува дека според моделот прикажан од научниците, водата во себе содржи грешки кои при земјотреси испаруваат. Како резултат на тоа, се создаваат празни места, во кои се создава злато.Водата под површината на земјата вообичаено носи многу силикати, јаглерод диоксид и злато.На Универзитетот во Квинсленд геологот и главен автор на студијата, Дион Вотерлеј, вели дека и најмал земјотрес може да ја претвори водата во злато. Но, количината злато што останува по земјотресот е многу мала, затоа што подземните води содржат само еден дел на милион од тој елемент.Пресметано е  дека луѓето до сега ископале 188.000 тони злато од земјината кора.Од Светскиот совет за злато објаснуваат дека голем дел од светските резерви на злато не се достапни за човекот.Но, земјотресите може да придонесат да се формираат нови резерви.„Земјотресите со мала магнитуда се многу чести во системите со грешки, а процесот може да биде иницирачки за формирање економски депозити на злато“, вели Вотерлеј.Со овие мали резерви кои се ослободуваат од водата, научниците објаснуваат дека слој по слој низ времето се создава доволно голема количина, но за тоа се потребни илјадници години.Резерви на злато, исто така, се формираат под вулканите под некои околности.Речиси 10 отсто од резервите на злато во водата се заробени под овие планини.Сепак, научниците открија дека земјотресите можат во еден миг да ја претворат водата во злато, што по илјадници години ќе формира значајни резерви.
МакфаксЗемјотрес може да ја претвори подземната вода во злато за неколку секунди, открија научниците.

loading...