Земјотрес синоќа ја стресе Струга

Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван синоќа во Струга и околината. Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет, соопшти дека земјотресот е регистриран во 18 часот и 39 минути. Земјотресот бил со Рихтерова магнитуда од 2,5 степени и со епицентар на 157 километри југозападно од Скопје, во соседна Албанија.

Loading...