Зимница не се само ајварот и лутеницата, направете си печурки во тегла

Loading...

Есента е време за правење зимница. Ајвар, лутеница, туршија ќе има во секое домаќинство.
Но ние ви предлагаме уште нешто: Направете печурки во тегла.
СОСТОЈКИ:
3 кг. печурки
6 лажици оцет
3 лажици масло
12-15 зрна бибер
2 ловорови листови


ПОДГОТОВКА:
Се мијат и чистат печурките по избор.
Се варат во солена вода 20 минути.
Се цедат убаво.
Се оставаат цели ситните, а крупните се сечат. Се ставаат на дно на тегла неколку зрна бибер, ловоров лист и печурки.
Се меша сол со оцет и масло и се распоредува смесата рамномерно во теглите.
Се додава и од водата во која се вареле печурките до врв, па се затвараат теглите.
Се пастеризираат еден час со варење.
Се чуваат на ладно место.

loading...