Зијадин Села денеска по резултатите во Тетово поднесе оставка

Лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села попладнево на прес-конференција си даде оставка по вчерашниот неуспех на изборите за советници во Советот на Општина Тетово.

По настаните од 27 април 2017та година Зијадин Села од себе произведе симбол за РАЗЛИЧНОСТ КАЈ АЛБАНСКИТЕ РАДИКАЛИ. Неговите барања секогаш одеа неколку чекори понапред од другите Албански партии во Македонија.
Зијадин Села денеска по резултатите во Тетово поднесе оставка

На прес-конференцијата во Тетово по денешниот состанок на Претседателството на партијата, Села најави дека повеќе нема да се кандидира за претседател на партијата бидејќи, како што рече, според статутот на партијата тоа право го има само двапати.

Неповолните резултати од вонредните избори за Совет на Општина Тетово се причина Зијадин Села да поднесе неотповиклива оставка од функцијата претседател на Алијанса за Албанците. Ова тој го најави и образложи на денешната прес-конференцијата во седиштето во Тетово, по средба со членовите на потесното претседателство на партијата.

-Разговаравме околу настаната политичка ситуација после изборите во Тетово. Јас стојам на секој збор кој го имам кажано, а тоа е дека Тетово не е само една општина, Тетово не е само еден град, Тетово е повеќе од тоа-само еден град. Резултатите во Тетово навистина е дека се надвор од секое наше очекување во врска со Тетово и јас како претседател на партијата сум спремен да преземам одговорност и од овој момент преземам одговорности давам неотповиклива оставка од претседател на партијата, истакна Зијадин Села.

Тој информираше дека во перидот кој следува, највисокиот орган на партијата, после два конгреси, Централното собрание, треба да заседава и да одлучи во врска со тоа кој ќе биде в.д претседател на партијата

-Ја користам приликата сега да им заблагодарам на сите мои поддржувачи, на поддржувачите на Алијансата за Албанците, на граѓаните кои вееруваа во нас и истовремено ги повикувам да веруват во Алијансата за Албанците бидејќи од овој процес ние ќе излезем уште посилни. Не би било демократски јас да се изјаснам кој треба да биде кандидат за претседател , бидејќи тоа е право на членството на Алијансата за Албанците и тоа е право на Централното собрание за в.д да избира, а не е мое право, порача Села.

Прашан зошто во Тетово партијата не успеа да освои ниту едно советничко место тој рече дека ќе бидат направени потемелни анализи.

– Анализитите ќе се направат во Централното собрание на партијата и мислам дека од сега па натаму партијата треба многу да се грижи за сите тие. Да се грижи во смисол да ги става пред одговорност сите тие кои го саботираа процесот, на сите кои работеа, и се членови на Алијансата за Албанците, а се против Алијансата за Албанците, рече Села.

Алијанса за Албанците почна да се формира од 2015 година кога Зијадин Села како член на ДПА го иницираше Движењето за реформи во ДПА. Потоа се формираше и партијата под името Алијанса за Албанците. На 27 март 2022 на вториот конгрес Села беше реизбран за претседател.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.