Златен ретривер ги „лиже” раните на Бостон

Loading...

На бостонскиот Копли сквер, на комеморацијата во спомен на трагично загинатите маратонци, се собраа многу луѓе. Онаму каде што неодамна стоеја полициските барикади, сега се издигаат високи бели крстови, кај кои се собираат граѓаните. Но можеби главната „атракција” на меморијалот е златниот ретривер Бејли, полноправен член на волонтерската бригада American Humane Association.

 Две експлозии во интервал од 12 секунди одекнаа во Бостон на 15-ти април на целната рамнина од прочуениот меѓународен Бостонски маратон. Притоа загинаа тројца млади луѓе, меѓу кои и осумгодишно момченце, а беа ранети 264 луѓе.
„Нејзиното име е Бејли. Има 14 години. Таа е златен ретривер”, одговара на прашањата на медиумите сопственичката на песот Ејми Мекколоу.
Бејли во меѓувреме љубопитно ги набљудува минувачите. Се вели дека животните подобро од професионалните психолози можат да помогнат да се отргнат луѓето од трауматските мисли и да го олеснат стресот. Доволно е само да се мине со раката по нивното меко крзно и да се свртат мислите кон добрите работи.
Волонтерската бригада American Humane Association, во која е вклучен и ретриверот Бејли, пристигна во Бостон од Денвер – за поддршка на жителите кои го преживеа терористичкиот напад. Речиси сите нејзини четириножни припадници припаѓаат на расата златен ретривер. Дали тие се повеќе од која и да е друга кучешка раса приврзани кон човекот или, пак, самите луѓе ги претпочитаа овие долговлакнести и „деликатни” кучиња, не е познато.
Ејми ја нашла Бејли пред 11 години, откако нејзиниот сопруг ја замолил да земат пес. Тие го нашле кучето во еден од центрите за згрижување и буквално, како што вели, „ на прв поглед се вљубиле” во златниот лабрадор. Бејли и нејзината „посестри” – три мачки, останале незгрижени поради разводот на претходните сопственици.
„Никогаш претходно во животот немав домашно милениче. Јас бев многу среќна, бидејќи ја имав Бејли, и решив тоа чувство да го споделам со другите. Така таа дојде во нашето здружение”, вели Ејми којашто го минала патот од обичен волонтер до директор на програмата.
American Humane Association е најстариот волонтерски проект, формиран пред 136 години за заштита „на помалите човекови пријатели”. Движењето одамна ги мина границите на САД. Во времето на Првата светска војна волонтерите на организацијата ги спасувале повредените коњи на фронтовите на европскиот континент, а на почетокот од Втората светска војна веќе е формирана цела дивизија. Во разорената од ураганот „Катрин” во сојузната држава Луизијана им помагаа на четириножните жртви. Волонтерите на здружението, исто така, се` уште се обидуваат да им помогнат на мачките и кучињата од јапонскиот град Фукушима кои го преживеале цунамито и земјотресот од пред две години.
Во 1939 година, American Humane Association стана пошироко позната по протестите против жртвувањето на животните во уметност по снимањето на филм во кој коњи биле принудени да скокаат од висока карпа. Иронично, во Холивуд денес, еден од најжестоките поддржувачи на ова волонтерско движење е режисерот Квентин Тарантино, познат по својата „естетизација на насилството” над луѓето.
Не е така лесно некое животно да се вклучи во тимот на четириножните исцелители. Претендентите мора да минат низ ригорозни кучешки испити, да не одговараат на „закачање”, да не ги покажуваат забите и да не 'ржат, дури и кога се влечени за ушите, да не допираат ништо туѓо и да не се впуштаат во игра.
Бејли сите тестови ги минала чесно и достоинствено, но Ејми вели дека дури и толку примерен пес има свои слабости – понекогаш многу лае кога ќе здогледа некои од најчестите протеини.
Една од првите „терапевтски” посети на Ејми и Бејли била во денверскиот центар за згрижување на ветераните од војните во Авганистан и Ирак, со психички трауми поради кои не можат да се вратат во нормалата. „Тие отворено зборуваат пред кучињата, зашто тие не ги прашуваат за минатото и за иднината”, вели Ејми.
Лабрадорот Бејли често ги посетува и своите пријатели во домовите за стари лица, често таа е нивниот единствен посетител. Во сиропиталишта во Колорадо ја знаат по името. Дури и во болниците овој златен ретривер е секогаш добредојден.
Едно кадраво црвенокосо момченце на Копли-сквер им го покажува на Копли сквер, на Бејли и Ејми им го покажува своето кадифено кученце. „Тое е мојата омилена играчка. Ја донесов за да ја оставам на споменот, и замислив желба – сите повредени од експлозијата наскоро да заздрават”, вели тоа.
Ејми одвај го воздржува солзите, а Бејли добродушно ја оближува раката на момченцето.
Уште 40 луѓе се` уште се хоспитализирани во болниците во Бостон, 14 во експлозијата ги изгубиле едната или двете нозе.
На бостонскиот Копли сквер, на комеморацијата во спомен на трагично загинатите маратонци, се с

loading...
Loading...