Знаете ли кој ја поседува вселената? Не е ниту Путин ниту Трамп

Loading...

Знаете ли дека постои знаме на Интергалактичката унија? Не знаевте дека такво нешто постои? Е па постои. И многу повеќе… Денис Хоуп веќе 30 години тврди дека го поседува Сончевиот Систем, со исклучок на Земјата. Продава земјиште на Месечината, на Марс, а и цели астероиди. Всушност, прашањето поврзано со сопствеништвото над космичките тела е доста сложено. Титулата може да ве одведе во погрешна насока, а амбасадорот на Месечината е личност со остар ум и е брз на зборови. Кога бил прашан Денис Хоул дали мисли дека навистина ја поседува вселената, одговорил кратко и јасно: „Да“. Неговата приказна започнува во ноември 1980 година. Тогаш се развел и разводот тешко го поднел, бил невработен една година и воопшто немал пари. Требало да најде план – и тоа брзо! Со последните пари сакал да купи недвижен имот, да го изнајмува и потоа да замине во Лос Анџелес и таму да стане актер. Но додека еден ден се возел низ улиците во Калифорнија, низ прозорецот ја видел Месечината и помислил: „Таму има многу земјиште!“ Тоа секако не е спорно: според податоците на НАСА, на Месечината има 37.936.694 квадратни километри земјиште што не припаѓаат никому. Така Денис ја пронашол Повелбата за вселената на ОН од 1967 година, која во својот втор член вели дека Месечината и другите вселенски тела не можат да бидат во сопственост на националните власти, а тие не можат таму да го прогласат својот суверенитет, окупација или што било друго. А ако државите не можат, тогаш зошто тој не би бил сопственик? „Ја напишав Декларацијата за поседување на Месечината и на другите осум планети, бидејќи Плутон тогаш сe уште се сметаше за планета. На ОН им ја објаснив својата намера дека ќе ги парцелизирам овие тела и дека ќе го продавам земјиштето на секој оној што сака да го купи. Сето тоа им го испратив и им реков да ми се јават ако имаат некои правни проблеми со сето ова. Никогаш не слушнав ни збор“, вели Денис. Така работата почнала и се проширила на астероидите. Но, станала сериозна: во 90-тите години почнало испитувањето на астероидите што го бркаат Сончевиот Систем. Тоа станало проблем за Хоуп и морал да го реши. „Само во 2001 година добив 163.000 е-пораки од различни клиенти низ светот во кои ме прашуваа како планирам да го заштитам имотот што го продава мојата амбасада на Месечината“, вели тој. Тоа било тешко прашање. ОН забрануваат која било земја и нација да поседува вселенско тело. „По сериозно размислување, единствен одговор до кој можевме да дојдеме е дека мораме да создадеме демократска влада на републиката во вселената. Така тогаш ја основавме Галактичката влада“, вели тој. Тешката и одговорна задача – претседател на галаксијата, скромно ја прифатил Денис Хоуп. „Ако некоја компанија сака да го посети нашето земјиште, немаме проблем со тоа. Но Галактичката влада, исто како и секоја друга влада, би била прилично лута ако кој било оди таму и почне да копа без притоа да добие дозвола и да постигне договор со нас“, вели Хоуп. „Основната идеја е суровините во вселената да се користат за изградба на вселенска инфраструктура“, објаснува д-р Амара Грапс, научник од Институтот за планетарна наука во Риги. Затоа се особено интересни вселенските тела со вода, јаглерод, соединенија на кислородот или азот. „Всушност, многу се поинтересни темните астероиди што се состојат од јаглерод“, вели тој. Ваквите скапоцености Хоуп ги продава скапо, па така цената надминува и 1 милион долари. Но поради скапоценоста што ја носат, им е проценета вредност од неколку милијарди долари. Ова повеќе не е научна фантастика, така што веќе две земји усвоија закон кој дозволува експлоатација на вселенските тела. Прва беше Америка, која со Одредбата за комерцијален натпревар во вселената од 2015 година може да експлоатира, поседува и да продава ресурси од вселенските тела. По година дена сличен закон донесе Луксембург. За претседателот на галаксијата нема конфликти. Јасни се работите, тој и неговите следбеници се сопственици на вселената и се отворени за секаква соработка. И Хоуп има големи планови: на пример, изградба на големи пирамиди на Месечината, високи два и пол километри, а во план има и решение за антигравитацискиот ракетен мотор со кој ќе се постигне 0,99 брзина на светлината.

Извор: вселена.блогспот2

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...