Значително облачно, температура до 20 степени

Времето ќе биде умерено до значително облачно, по котлините магливо. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.
Утринската температура ќе се движи од три до 11, а дневната 12 до 20 степени.
Во Скопје умерено до значително облачно и магливо. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 16 степени.
Под влијание на влажни бранови од понеделник до среда ќе има повремени врнежи од дожд, на места пообилни.

Loading...