Зоран Заев: Не сакам да бидам претседател на СДСМ

Loading...

Градоначалникот на Струмица и новоизбраниот лидер на СДСМ Зоран Заев уште минатата година јасно изјавил дека нема никакви интереси, ниту амбиции да стане нов лидер на СДСМ или пак премиер.
Минатата година во февруари во емисијата „Отворено со градоначалникот“ емитувана на локална струмичка телевизија, Заев јасно изјавува дека нема амбиции да биде нов лидер на СДСМ. Тој додава и дека неговите политички амбиции не одат во насока да стане премиер.
Истото се потврдува и со изјавата на градоначалникот дека тој воопшто не сака ни да живее во Скопје.
-Пусто Скопје не ме привлекува во тој дел на политиката. Ако имав амбиции ќе бев мандатор за влада, потпретседател бев, Радмила нема политики функции. Јас немам такви амбиции. Се замислувам како тоа јас со моите Душко и Александра треба да живеам во Скопје, незамисливо е. Јас сум пораснат во специфично семејство, истакнува Заев во гостувањето во емисијата „Отворено со градоначалникот“.
Не знаеме што се сменило во изминатава година за Заев да го смени своето мислење. Дека воопшто не сакал да биде на функцијата на која сега е избран говори и фактот дека лично тој при гостувањето во емисијата изјавува дека со политичките функции на државно ниво невозможно е животот да биде во Струмица, а да се извршува задача или функција во Скопје.
-Со политичките функции на државно ниво невозможно е животот да биде во Струмица, а да извршуваме задача или функција во Скопје. И сега тоа го имам секојдневно со мене и едноставно го споделувам и апсолутно тоа значи дека немам амбиции за премиер, а со тоа и за претседател на СДСМ, истакнува Заев во гостувањето во емисијата „Отворено со градоначалникот“.
 
 
 
Градоначалникот на Струмица и новоизбраниот лидер на СДСМ Зоран Заев уште минатата година јасно изјавил дека нема ника

loading...
Loading...