Зошто алиштата не треба да се сушат во домот?

Loading...

Хемикалии од детергентите и омекнувачите кои се ослободуваат од алиштата, иако во мали количини, според некои истражувања содржат и канцерогени супстанции.
Сушењето облека дома во текот на зимата станува сѐ почеста појава во многу домови. Сепак, експертите предупредуваат на негативните страни што можат да бидат штетни за здравјето на оние кои живеат во дом каде што се сушат алишта.
Имено, сушењето алишта во затворени простории го зголемува нивото на влажност за 30%. Покрај тоа, од алиштата во мали количини се ослободуваат хемикалии од детергентите и омекнувачите, кои според некои истражувања содржат и канцерогени супстанции.
Опасни габи и мувла
Влагата предизвикува формирање на преку десет видови опасни габи и мувла, што доведува до проблеми со бронхитис и синуси. Претходните истражувања покажаа дека луѓето кои престојуваат во простории каде што се сушат алиштата имаат почести главоболки и проблеми со дишењето.
Покрај тоа, влажноста ја намалува топлината во просторијата, така што дури и радијаторите не можат добро да се загреат во зима. Затоа, треба да ги исушите алиштата на свеж воздух и на тој начин да спречите здравствени проблеми.

loading...
Loading...