Зошто Груевски не се произнесува за референдумот? Дали му е забрането да се занимава со политика?

Loading...

Прашање кое сите деновиве, неделиве, месециве си го поставуваат е зошто Груевски не се произнесува за референдумот? Како што се знае негово политичко кредо беше дека нема да дозволи промена на името без да се праша народот. Тоа беше вградено и во политичките програми на неговата партија со години. Односно сега веќе слободно може да се каже дека тоа беше политичка тактика за да не се случи промена на името и за тоа треба да се има одреден респект. Но никој не можеше да насети дека Заев ќе отиде десет нивоа подолу и ќе организира про форма референдум каде што прашањето воопшто нема да биде нити јасно нити прецизно ниту пак воопшто ќе коренспондира со вистината. Имено, со овој референдум е предвидена промена на името на Македонија и промена на Уставот, а тоа никаде не е содржано во прашањето кое им се поставува на граѓаните. 
Токму затоа Груевски сега би можел да поентира и да укаже на овие замки со што би стекнал и одреден политички кредит. Но тој не се произнесува. Молчи. И тоа подолго време. Дали е тоа показател дека нешто не е во ред? Дали е во прашање договор? По кулоарите низ Скопје се говори дека поранешната политичка елита на ДПМНЕ, која е истовремено спонзор и ментор на Мицковски е во договор со меѓународниот фактор да се амортизира ВМРО и да се одмолчи, колку се може, целиот процес за да поминат промените. И секако за да не бидат осудени по кратка постапка. Сведоци сме дека секојдневно се присутни на рочишта по судовите и тој и неговите некогашни најлојални соработници за огромни корупциски скандали и политичка злоупотреба на моќта…
Тоа кооперативно однесување можеше да се забележи при насилничкото и нелегално гласање на Законот за двојазичноста како и при целата процедува за промена на името, односно „Грчкиот договор“ како што соодветно го нарече Иванов во својот говор на Мечкин Камен. Нашиот извор, кој е добро упатен вели дека Груевски ја има соопштено оваа политичка состојба и политичка позиција која „мора“ да се заземе уште пред неговото демосионирање во декември минатата година. Било кажано дека ДПМНЕ ќе мора да глуми и да чека „подобри времиња“ кога за својата сервилност би било наградено со владеачки фотељи. 
Подобро упатените се сеќаваат дека ова никако не е далеку од вистината и дека на некој начин е повторување на периодот од 2002 до 2006 година кога Груевски беше опозиција, но за клучните прашања имаше договарање и кооперативност со американскиот амбасадор Батлер. Дали сега ќе се повтори историјата наскоро ќе знаеме.

loading...