Зошто државата не го апси за шпиунажата на Димитров, која што се потврди со документите на Викиликс?

Според кривичниот законик, член 316 и 317, односно за делата „Шпионажа“ и „Оддавање на државна тајна“, минималната затворска казна се движи од пет до максимална казна затвор. За ова дело речиси задолжително се одредува и мерка притвор. 
Еве што пропишува законот:
Шпионажа, 
Член 316
(1)Тој што државната тајна ќе ја соопшти, предаде или ќе ја стори
достапна на странска држава, организација или на лице кое им служи, ќе
се казни со затвор најмалку четири години.
(2)Тој што за странска држава или организација ќе создаде разузнавачка
служба во Република Македонија или ќе раководи со неа, ќе се казни со
затвор најмалку четири години.
(3)Тој што ќе стапи во странска разузнавачка служба, ќе прибира за неа
податоци или на друг начин ќе ја помага нејзината работа, ќе се казни со
затвор од една до десет години.
(4)Тој што прибавува тајни податоци или документи со намера да ги
соопшти или предаде на странска држава, организација или на лице кое
им служи, ќе се казни со затвор од една до десет години.
(5)Ако делото од ставовите 1 и 4 е сторено за време на војна или
непосредна воена опасност или предизвикало тешки последици за
безбедноста, економската или воената моќ на Република Македонија,
сторителот ќе се казни со затвор најмалку четири години.
(6)Како државна тајна се сметаат податоците или документите што со
закон или со друг пропис или со одлука на надлежниот орган донесени врз
основа на закон, се прогласени за државна тајна и чие откривање имало
или можело да има штетни последици за политичките, економските или
воените интереси на Република Македонија.
Оддавање државна тајна, Член 317
(1)Тој што на јавноста или на неповикано лице ќе соопшти, предаде или
стори достапна државна тајна што му е доверена, ќе се казни со затвор од
една до десет години.
(2)Тој што на јавноста или на неповикано лице ќе му соопшти, предаде
или стори достапни податоци или документи за кои знае дека се државна
тајна, а до кои дошол на противправен начин, ќе се казни со затвор од
една до пет години.
(3)Ако делото од став 1 е извршено за време на војна или непосредна
воена опасност или довело до загрозување на безбедноста на економската
или воената моќ на Република Македонија сторителот ќе се казни со
затвор најмалку четири години.
(4)Ако делото од став 1 е сторено од небрежност, сторителот ќе се казни
со затвор од шест месеци до пет години.
***
Имено, другарот Димитров си известувал странска држава, па макар таа да е и сојузник. Што би се рекло народски „певал“ од а до ш за прашања кои се од ЖИВОТНА ВАЖНОСТ ЗА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА И МАКЕДОНСКИОТ НАРОД.
Дали друже ДИМИТОРОВ поради ова ти си награден да бидеш МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ? ДАЛИ ПОРАДИ ОВА ТИ ГО ПОТПИША ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР НА ШТЕТА НА СИТЕ НАС? ДАЛИ ПОРАДИ ОВА УЖИВАТЕ СЕМЕЈНО ВО БЛАГОДЕТИ НА НЕЛИМИТИРАНИ ПАРИ, И ДЕЦАТА ДОБИВААТ СТИПЕНДИИ НА СУМА КОЈА ШТО ИМ ОДГОВАРА?
Многу прашања другар Димитров. Ќе мора да одговориш на нив. Кога и да е!
Ви препорачуваме и да ги прочитате каблите на ВИКИЛИКС на следниот ЛИНК