Зошто е важно да бидете искрени од првиот ден во врската?

Вложувајќи напори да му се допаднеме на новиот партнер, да му удоволиме и да се поврземе, често знаеме да паднеме во искушението да ја „искривиме“ вистината за нас и нашите интереси, желби, стравови, стремежи…
Но, она што изгледа како инстант решение за проблем што не постои може да се покаже како причина за вистински и сериозен проблем во иднина.
За да се поштедите себе си и партнерот од непотребна нервоза, па дури и тага, бидете искрени, па дури и сурово искрени, од самиот почеток. Почнувајќи и од оние навидум безопасни лаги како на пример дека сакате одреден бенд или дека обожавате кампување, па сѐ до изјави дека сакате/не сакате да склопите брак или да имате деца.

Пронајдете не на следниве мрежи: