Зошто е важно попладневното кафе?

Loading...

Кафето е пијалак околу кој луѓето имаат изградено цели ритуали. Тоа ви помага да се разбудите, да соберете енергија, но и да ги одржувате пријателствата.
Зошто е важно попладневното кафе?
Утринското кафе се пие набрзо по будењето бидејќи ви помага да се расоните и да ги расчистите мислите. Истото важи и за попладневното кафе – потребно ви е за да го надминете заморот и да добиете малку дополнителна енергија. Но, што е тоа што го прави кафето омилен пијалак ширум светот? Уживањето и дружењето.
Од многуте различни хемиски соединенија што се наоѓаат во кафето, едно од најпознатите и најважните е кофеинот. Серија истражувања во Америка покажаа дека кофеинот од кафето обезбедува многубројни здравствени придобивки. Кофеинот ви дава енергија и ја отстранува поспаноста. Молекулите на кофеинот го зголемуваат срцевиот ритам и го стимулираат протокот на кислород и хранливи материи до мозокот. Познато е дека кофеинот ја подобрува концентрацијата и затоа чаша црн пијалок е она што ви е потребно кога имате проблем со фокусирањето. Сите овие ефекти ви даваат енергија и ви помагаат полесно да го поминете остатокот од денот.
Сепак, она што луѓето најмногу го сакаат кај добрата шолја кафе е уживањето во мирисот, вкусот, како и дружењето со луѓето. Ниту едно дружење нема да биде комплетно, освен ако не го зачините со шолја вкусно кафе. А, нема подобар начин да се собере енергија, отколку пријатно попладне поминато со позитивни луѓе.


Зошто попладневното кафе е одлична идеја?
По ручекот, во попладневните часови, нивото на енергија природно опаѓа. Тогаш нивото на кортизол е ниско, па се чувствувате уморни. Потребно ви е нешто што ќе ве придвижи и ќе ви даде дополнителна енергија за сите оние приватни активности што ве очекуваат во текот на секое попладне.
Кофеинот останува во крвта околу пет часа, но бидејќи секој организам е различен, тоа време може да биде малку подолго или пократко. Но, кај некои луѓе, кафето во доцните вечерни часови може да го отежни заспивањето и да го наруши сонот, па времето по ручекот е многу подобра опција. Навечер, изберете да уживате во шолја домашно кафе без кофеин.
Уживањето во омилениот пијалак, неговата специфична арома и неговиот вкус се дневен ритуал без кој многумина не можат да го замислат денот. Кафето е идеално ако ви треба момент на осаменост и релаксација, но уште подобро е ако го пиете опкружени со оние што ве сакаат. Самиот мирис на свежо сварено кафе се поврзува со мир и сигурност, во моменти кога можете да се опуштите и едноставно да уживате, без никаков товар.
Покрај подобрувањето на расположението, кафето ви помага да го поминете остатокот од денот со повеќе енергија, одморени и свежи.

loading...