Зошто е добро да си дремнете попладне?

Loading...

Поради ова, повеќето едвај чекаат да им заврши работниот ден, за да можат барем малку да дремнат. Но ако се чувствувате лошо бидејќи дремете после работа, нема потреба од тоа.
Изгледа дека попладневната дремка е одлична за вас и вашето здравје, а ова се причините зошто:
Ќе бидете посреќни
После половина час дремење, ќе се чувствувате полни со енергија. Ќе бидете посреќни и ќе се чувствувате одморено.
Бидејќи со дремката сте ги „наполниле батериите“, без проблем ќе ги завршите останатите обврски за денот.


Ќе правите помалку грешки
Со дремењето го одмарате вашиот мозок. Ова, пак, ќе ви ја зголеми концентрацијата и ќе ја намали можноста за правење грешки.
Мозокот ќе ви работи поефикасно
Како што напоменавме, со дремењето го одмарате вашиот мозок. Поради ова, тој ќе функционира поефикасно.
Ќе бидете покреативни
Некои истражувања покажале дека деловите од мозокот одговорни за креативноста, се поактивни после кратка дремка.
Ќе го подобрите здравјето на срцето

Луѓето кои попладне дремнуваат, имаат 37% помал ризик од срцеви заболувања.
Ќе се намали желбата за брза храна
Докажано е дека недостатокот од сон има лошо влијание врз префронталниот кортекс. Овој дел од мозокот е задолжен за донесување одлуки, па кога не спиете доволно, се зголемува желбата за брза храна и потешко ви е да ја контролирате. Дремката од половина час ќе ви помогне да се справите со ова.
Помалку ќе се расправате

Young woman painting outdoors. Girl painter on plein air sitting near easel with color palette and paintbrush. Happy artist on chair drawing landscape. Open your creativity and inspiration concept

Поради недостатокот од сон, луѓето можат да бидат поагресивни и почувствителни. Ова, неретко резултира со непотребни расправи со саканите.
Но доколку попладне дремнете, вашата раздразливост ќе се намали, а со тоа ќе се намали и бројот на расправи.
Ќе го избегнете „прегорувањето“ на мозокот
Научниците откриле дека попладневната дремка е добра, доколку во текот на денот сте примиле премногу информации.
Кога мозокот прима многу информации, може да „прегори“ (burnout), но дремката ќе ви помогне и во оваа ситуација.

loading...