Зошто е подобро да останете сингл отколку да бидете во несреќна врска?

Loading...

Убаво е да се дели животот со некој, а кога го немате тоа се чувствувате тажно, изолирано и тешко. Присутни се чувството на сомнеж и самосожалување и се поставува прашањето: кога ќе ја запознаете љубовта на вашиот живот?
Поради ваквиот начин на размислување завршувате во лоши врски од кои најчесто излегувате повредени и поради кои губите надеж во љубовта. И тогаш доаѓате до заклучок: подобро е да бидете сами отколку во лоша врска.
Без оправдувања
Веќе немате потреба да се објаснувате, оправдувате или да полагате сметки некому. Сите ваши постапки почнуваат и завршуваат со вас, а тоа е одличен начин да се запознаете себе си и да видите дали носите правилни одлуки.
Уживање во односите со другите
Откако ќе поминете квалитетно време со себе, ќе почнете повеќе да го цените времето поминато со другите. Ќе станете повеќе благодарни за нештата што произлегуваат од вашите односи (со семејството, пријателите, колегите) и повеќе ќе уживате во времето поминато со нив.
Одмор од постојаното трудење
Да не се лажеме, врските бараат многу работа. Кога ќе ја додадете тежината на грижата за партнерот на сите други работи што се обидувате да ги правите во овие клучни години, функционирањето едноставно станува невозможно. Најголемата штета ќе ја претрпите вие. Кога сте вие најважната личност во вашиот живот, точно знаете кога и каде да ја насочите енергијата.
Не ви треба ничие одобрување
Во овие години почнувате да живеете сами и се „ослободувате“ од одобрувањето на родителите. Кога сте во врска, свесно или несвесно, барате одобрување од партнерот за нештата што ги правите. Иако е добро да побарате помош или совет, сепак тие одлуки се однесуваат на вас и само на вас. Потпрете се на себе и своите инстинкти – начинот на кој ги формирате одлуките во овие години ќе се одрази понатаму во вашиот живот.
Регенерација
Кога сме постојано опкружени со луѓе, во нив вложуваме многу енергија. Се обидуваме да ги усреќиме другите, да ги насмееме, да се вклопиме во средината, да реагираме на неа. Времето поминато со себе ќе ве регенерира, ќе ви донесе мир, ќе ве одмори од исцрпувачките интеракции со другите луѓе и ќе ве подготви да бидете продуктивен член на средината следниот ден.

loading...
Loading...