Зошто жените изневеруваат?

Loading...

Дознајте ги најчестите причини зошто жените изневеруваат
 Недостаток на секс
Сексуално незадоволените жени знаат зошто ги изневеруваат мажите кои не им угодуваат во постелата. Задоволството кое изостанува и рутината од која ви се приспива ја зголемуваат желбата да побарате друг маж кој може да ви го пружи тоа.
 Зголемување на женската самодоверба
Кога комплиментите изостануваат, а вниманието од партнерот го руши секој симбол на женската самодоверба, како никогаш порано имате желба да се чувствувате посакувана и да знаете дека зрачите со убавина и сензуалност. Во тоа може да ви помогне некој друг маж и затоа изневерувате.
 Желба да станeте лоша девојка
Желбата да се претставите како девојка која ги руши стандардите и која ја засенува класиката на врската, понекогаш ве наведува на идејата да бидете „лоша“ девојка која истовремено излегува со двајца или повеќе мажи. Ова не е баш убава карактеристика.
 Одмазда за машкото неверство
Неверството е идеален женски начин на одмазда за неговото неверство или обид за тоа. Дури и ако тој заборавил на вашиот роденден или годишнината од врската му се заканува ризик да станете неверна партнерка. Но дали со одмазда се постигнува нешто конструктивно?
 Недостаток на блискост во врската
Кога ви недостигаат прегратките, бакнежите, нежните зборови и признанијата во љубовта, страдате за емотивна поддршка и внимание од партнерот. Со што помалку романтика од негова страна значи и поголеми шанси за женско неверство.
 Немање на взаемна почит
Кога се трудите, а партнерот тоа го сфаќа како должност и не покажува никаква благодарност или почит кон вас, првата женска идеја е тоа да го побарате во нечие туѓо машко однесување. За врска се потребни двајца.
 Сакате да раскинете, но не се одлучувате до крај
Кога сакате да ја прекинете врската, а немате доволно храброст тоа да го сторите на директен начин од било кои причини, неверството е опција број еден за да вашиот партнер стави крај на врската во која сте останале присилно.
извор: lady.mkДознајте ги најчестите причини зошто жените изневеруваат

loading...