Зошто машките сакаат кучки?

Loading...

Кога  сме во врска со некого и даваме се од себе за да биде како што треба, а врската и покрај  се ни пропадне, треба да се запрашаме каде сме погрешиле.
Бевте фини, полни со разбирање, толерантни кога не ви се јавуваше, секогаш средени и спремни за секс… и ништо. Секако кога една врска ке се распадне,  одговорноста за неуспех е на двајцата партнери кои биле во врската.  Треба ли секогаш да бидете искрени  или понекогаш е подобро да се биде мудар?
Шери Аргов автор на книгата “Зошто машките сакаат кучки” во својата книга дава одговор на сите прашања кои  сите жени на светот си ги поставуваат. Одговорот е онолку лесен колку што е тешко да се примени и гласи – најважно е да го слушате  сопствениот инстикт.
Проценете го партнерот реално
Многу е важно трезвено да согледате што еден маж ви овозможува, а вие тоа не сте го барале од него. Така на најдобар начин ќе процените каков е и дали ви одговара или не. Пред  да се запрашате дали вие сте доволно добра за него, прашајте се дали тој е доволно добар за вас.
Не трчајте по него
Златно правило, особено ако се работи за врска на почеток или нестабилна врска, никогаш немојте вие да го бркате дечкото/мажот кој ви се допаѓа и да инсистирате на контакт. Оваа тактика е потешко да се примени  ако сте го изгубиле разумот  и сте лудо заљубени. Сепак стегнете го срцето и повлечете се – успехот е загарантиран. Едноставно, сите машки се ловци. Во нивната природа е  да ловат плен кои им е недостижен, па пружете им го тоа задоволство. Вие не превземајте иницијатива, затоа што така тој би се повлекол. 
Водете си свој живот
Секоја девојка која ќе остави буквално се за да одговори на позивот од партнерот, станува за брзо време неинтересна, бидејќи мажот е сигурен дека 100% ја поседува. Немојте да ја планирате својата вечер по тоа дали тој ќе ве повика да излезете или не.  Запомнете дека вие сте креатор на својот живот и што ќе ви се случува зависи само од вас. Кога ќе ги отпуштите “Конците ” настанува хаос.  Никој нема да биде виновен освен самите вие затоа што вие така сте си ги поставиле правилата за игра.
Не му угодувајте премногу
Внимателно со провокативната гардероба! Длабокото деколте, прекраткото мини здолниште и танга веднаш ќе го привлече вниманието на мажите, мислам дека ќе се согласите дека тоа не е воопшто тешко. Проблемот е да се задржи вниманието. Под претерување покрај провокативното облекување се подразбира и пречестото јавување на телефон и правењето “слава” кога тој ќе дојде кај вас дома да гледате филм. Безусловната љубов е прекрасна, само доколку не ја нарушува  љубовта кон самите себе и доколку е заслужена.
Држете до себе
Почитување на својата личност и своите ставови не подразбира нечуствителност кон другиот и нетолеранција. Со својот став и однос жената треба да покаже дека  не е зависна од партнерот. А тоа е сосема доволно за да го натера мажот да остане со неа.
Не ми се јавува!  што да правам?
Повеќето од мажите намерно не се јавуваат за да видат како жената ќе реагира на тоа.  Мажите ја проценуваат вашата желба за врска така што се повлекуваат.  Затоа не кревајте паника! Бидете опуштени и не се лутете. Зашто да бидете очајни без него? Вие имате свој живот! Тој треба да биде само дел од вашата целина.
Извор: Cafe.rsКога  сме во врска со некого и даваме се од себе за да биде како што треба, а врската и покрај  се ни пропад

loading...