Зошто најголемиот број од седиштата во авионите се сини?

Прашањето се сведува на наука и логистика.
Зошто најголемиот број од седиштата во авионите се сини?
Освен ако немате седиште во првата или бизнис класата, сместувањето во авион може да биде стресно искуство. Додека се обидувате да го пронајдете вашето седиште најверојатно ќе забележите дека седишта во авионот се сини. Секако, постојат исклучоци на ова правило, но генерално, седиштата во авионите се сини. Па, зошто е тоа така?
Ткаенината со сина боја е лесна за чистење


Обично нема многу време да се исчисти авионот помеѓу летовите, па затоа во интерес на компанијата е да избере бои и ткаенини што се лесни за одржување. Според Риши Капур, основач и извршен директор на една авиокомпанија, многу седишта во авионите се сини, бидејќи дамките или флеките не се забележуваат многу кога се користи оваа боја за разлика од повеќето други бои, што значи дека авиокомпаниите не треба да ги заменуваат седиштата толку често.
Сината боја смирува
Дури и ако патниците имаат голем страв од летање, целото опкружување може да направи тие да се смират. За да го постигнат тоа, многу авиокомпании се одлучуваат за сини седишта бидејќи се смета дека таа боја смирува.
Дури има и научна дисциплина наречена Психологијата на боите што го потврдува истото.
Прави да чувствувате како да ви е поладно
Во авионите има две температури: многу ладно (благодарение на климатизацијата) или многу топло. Авиокомпаниите вложуваат сè од себе за да ви овозможат да се чувствувате добро, па затоа сините седишта играат улога и во тој сегмент. Боите може да влијаат на перцепцијата на човекот за влажноста и температурата во одредена средина. Сината боја не само што прави луѓето да чувствуваат како да им е поладно, туку може да испратат и порака за чиста и свежа околина.

Loading...