Зошто не добивате покана за втор состанок?

Loading...

Сте излегле на состанок. Се било супер. Убаво сте поминале, имало хемија, ви наговестил дека повторно ќе излезете, можеби и ве бакнал за добра ноќ. И поминува ден, два, можеби и една недела. Се чини дека испарил од лицето на Земјата.
Не може никаде да го најдете. Постојано си го премотувате филмот од таа вечер и никако да сфатите што се случило во меѓувреме. Доколку се соочувате со такви недоумици, прочитајте ги овие можни алтернативи кои ќе ви помогнат да ги разрешите нејаснотиите.
Сака малку да се помачите


Некои луѓе се свесни дека покажувањето преголем интерес може да постигне спротивен ефект и другата страна да изгуби интерес. Затоа можеби и чека да поминат неколку дена за повторно да ви се јави или пише. Ако на состанокот се било како што треба, ќе ви даде малку време за одмор и за размислување како да продолжите понатаму.
Можеби стекнал погрешен впечаток
Многу мажи не и се јавуваат повторно на девојката ако таа открила премногу детали за себе на состанокот. Помали се шансите дека ќе ви се јави ако сте откриле се за себе, затоа што мажите сакаат малку мистериозност. Ако се оди пребрзо, може да стекне впечаток дека вие и не сакате нешто поозбилно.
Сака контрола и моќ
Ако не ви се јавува подолго време по состанокот, понекогаш тоа и навистина нема врска со вас, туку со него. Состанувањето може да биде сурово, бидејќи можете да бидете повредени. Ако по состанокот не ви се јави, тоа значи дека тој ве одбил вас, а не вие него и со тоа тој е победник во таа извртена и чудна игра. Тоа однесување нема никаква врска со вас.
Едноставно не е заинтересиран
Најчестата причини поради која момците не се јавуваат е сепак нивната незаинтересираност. Очигледно е дека нешто му пречело или едноставно нешто можеби не кликнало од неговата страна. Не губете време на анализирање, затоа што понекогаш состанокот може да биде супер, а сепак да не се поклопат коцките.

loading...
Loading...