Зошто не треба да се излежувате во кревет во викендите?

Loading...

Сигурно после крајот на работната недела размислувате за тоа како ќе се наспиете преку викенд. Меѓутоа, д-р. Херис предупредува дека тоа излежување може да биде причина за несоница.
Ако се разбудите порано, можете да завршите некоја обврска наместо да останете будни во кревет. Излежувањето во кревет долгорочно може да влијае лошо на вашиот сон. Затоа, за викенд треба да станете веднаш откако ќе се разбудите.
Не вежбајте пред спиење, иако мислите дека тоа ќе ве умори и полесно ќе заспиете. Вашето тело се затоплува и ќе му треба повеќе време да се излади.
Таа, исто така советува да не пиете алкохол во вечерните часови за да можете да заспиете.
„Собата треба да биде приближно како пештера – темна и ладна“, вели д-р Херис.


И нејзиниот последен совет за оние кои би сакале да се соберат подобро – заборавете ги екраните еден час пред спиење.
„Вашиот мозок смета дека сината светлина на екранот е сонце и затоа не го лачи хормонот што треба да предизвика сон. Исклучете ги сите екрани еден час пред спиење, вклучително и телевизорот, и наместо тоа, прочитајте книга или слушајте радио”.

loading...
Loading...