Зошто сите ја имаме оваа вдлабнатина меѓу горната усна и носот?

Сите го имаме ова дупче, иако биолозите веќе подолго време ги мачеше прашањето зошто и како настанува.

Зошто сите ја имаме оваа вдлабнатина меѓу горната усна и носот?

Овде станува збор за малечкото вдлабнување под носот кое се протега сѐ до работ на горната усна.

Стручно кажано, станува збор за филтрум. Но, што е тоа и зошто го имаме?

Според достапните податоци, објаснувањето е поврзано со начинот на кој се обликува лицето во текот на развојот, пренесува IFL Science.

Филтрумот ја означува локацијата на која различните делови од лицето се спојуваат во едно.

„На тоа место се наоѓа точката за спојување на човечкото лице по формирањето“ – објаснува д-р Мишел Мослеј.

„Трите главни делови на лицето се сретнуваат на горната усна, формирајќи вдлабнатост којашто се нарекува филтрум“.

Развојот на лицето се случува помеѓу вториот и третиот месец од бременоста, а доколку лицето не се обликува во тој период, поради генетски или други причини, тогаш никогаш нема да дојде до тоа.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.