Зошто со годините потешко го поднесуваме мамурлакот?

Loading...

На 20-тина години, после пијана ноќ можевте да станете и нормално да функционирате, но 10 години подоцна ќе се разбудите со пулсирање во главата, дехидрираност и мачнина во стомакот. Како поминува времето, симптомите на мамурлак стануваат полоши.
Има многу терории за тоа зошто потешко го поднесуваме мамурлакот кога сме постари, но малку од нив биле научно поткрепени.
Сепак, на крај заклучокот е дека се работи за комбинација од неколку фактори:
Се менува составот на организмот
Кај повеќето луѓе со тек на годините се зголемува количината на масно ткиво, а се намалува мускулната маса. Со оглед на тоа дека 75% од составот на мускулите е вода, а масното ткиво содржи само 10% вода, алкохолот подолго се задржува во телото, бидејќи организмот со масно ткиво потешко го преработува. Исто така, пониското ниво на вода значи дека има поголема опасност од дехидрирање.
Помалку ензими во црниот дроб
Метаболизмот на алкохолот го обавуваат ензимите во црниот дроб кои го разградуваат и го исфрлаат од организмот. Бидејќи со текот на годините се лачат сѐ помалку ензими и метаболизмот на алкохолот е помалку делотворен.
Телото побавно закрепнува
Во 30-тите организмот веќе потешко се бори против болести, инфекции и умор, а тоа значи дека после пијана ноќ побавно ќе се справува и со последиците од пиењето и журкањето.
Поретко претерувате со пиење
Помладите луѓе почесто излегуваат и почесто пијат алкохол. Кај оние кои пијат помалку, црниот дроб не е навикнат или е одвикнат од алкохол, така што периодичното тешко пијанство му доаѓа како шок.

loading...
Loading...