Зошто треба почесто да јадете овесни снегулки?

Loading...

Овесните снегулки не се само вкусен и лесен оброк туку содржат бројни хранливи состојки кои не се наоѓаат во останатите намирници.
Тие делуваат како пробиотик кој помага во одржувањето на рамнотежата на цревните микроби. Ја подобруваат столицата, го засилуваат имунитетот и спречуваат воспаленија. Исто така се извор на влакна клучни за секој дел од здравата исхрана.
Влакната го стабилизираат нивото на шеќер во крвта, даваат чувство на ситост и го намалуваат нивото на холестерол.
Овесните снегулки содржат два вида влакна: растворливи и нерастворливи. Двата вида се подеднакво важни за здравјето.
Растворливите влакна се потопуваат во вода и ја контролираат глукозата. Нерастворливите влакна помагаат храната што ја јадете без проблеми да се движи низ телото.
Овесот сам по себе е доволно здрава храна, но уште една предност е што може лесно да го комбинирате со други здрави намирници како овошје, јатксти плодови, семиња или малку протеини и здрави масти како путер од ореви, јогурт или јајца.

loading...
Loading...