Зошто треба секој ден да пиете по една чаша доматен сок?

Само за споредба, пиењето една шолја сок од домати ги покрива дневните потреби за витамин Ц и исполнува 22% од потребите за витамин А во облик на алфа и бета-каротеноид.
Каротеноидите се пигменти кои во вашето тело се претвораат во витамин А, кој често недостасува во организмот, а е неопходен за здрав вид и одржување на ткивото. Доматите содржат ликопен кој освен способноста да помага за поздрави коски и крвен притисок, исто така е поврзан со намалувањето на ризик од неколку вида рак, меѓу кои и рак на простата.
„Сокот од домати е неверојатно богат извор на каротеноиди, ликопени. Оваа хранлива материја му дава на доматот силно црвена боја, делува како силен антиоксиданс и исто така во неколку студии се покажа дека го намалува ризикот од неколку видови рак“, вели нутриционистот Линзи Вохер.
Не само што ликопенот помага во превенција на одредени видови рак туку и една бразилска студија откри дека ликопенот е делотворен во убивањето клетки од рак на простата.
Додека ликопенот се наоѓа во која било варијанта на домати, експертите велат дека често е најсилен во производите како сокови.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.