ЗОШТО УБАВИТЕ ЖЕНИ СЕ САМИ?

Loading...

Младите мажи набројале многу особини, а убавината се нашла на четвртото место, додека на фризурата и стилот на облекување речиси не обрнувале внимание. Девојките, напротив, биле убедени дека на мажите им е апсолутно најважен изгледот на девојката, а веднаш потоа и каква им е косата, облеката, парфемот… Очигледната поделба во одговорите е доказ зошто убавиците самуваат, тврдат експертите.

Американските психотерапевти тврдат дека повеќето жени не се свесни за изразот на нивното лице и впечатокот кој го оставаат на мажите. Посилниот пол не ја забележува нијансата на карминот, ниту најновата маскара која најверојатно ги нагласува трепките, но го забележува мрштењето и “киселото” лице. Таквиот израз е типичен за убавиците, дури и кога пешачат по улица беспрекорно дотерани, несвесно упатуваат дрзок поглед, како моделите на модна писта и ги одбиваат додворувачите, бидејќи не делуваат женствено туку ратоборно.

Чекајќи го замислениот, совршен принц на бел коњ, жените често остануваат слепи пред љубовта која им ја нуди “обичниот смртник”, бидејќи не се свесни дека баш со него би можеле да доживеат убава бајка.

ЉУБОВ ИЛИ ПАРИ? ПОРАДИ ШТО БИ СТАПИЛЕ ВО БРАК?

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...